Објавено на:

Западот на нозе: Лукашенко ќе ја посети Кина

t

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ќе ја посети Кина на покана на претседателот Си Џинпинг, објави денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг.

Таа изјави дека Лукашенко, сојузникот на рускиот претседател Владимир Путин, ќе престојува во Кина од 28 февруари до 2 март.

Белоруските власти ја поддржуваат Русија, од која се зависни и финансиски и политички, во нејзината инвазија на Украина.

Патувањето на Лукашенко во Кина доаѓа во време на загриженост на Западот дека Кина се подготвува да испрати оружје во Москва.

Белорускиот претседател објави дека вчера на годишнината од почетокот на рускиот напад, имал долг разговор со Путин, пренесува Ројтерс.

Во петокот разговараа и кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг и неговиот белоруски колега Сергеј Алејник.

Кинеското министерство соопшти дека двајцата разговарале за желбата на Пекинг да соработува со Минск за да се продлабочи меѓусебната политичка доверба.

Во септември минатата година, во Самарканд во Узбекистан, Лукашенко и Си најавија сеопфатно стратешко партнерство меѓу двете земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мециновиќ: Кина е заинтересирана за зголемување на…

Мециновиќ, пратеник од Левица, кој деновиве е…

Следна станица за Ѓоковиќ е Кина!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го потврди учеството…

Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…

Денес во Министерството за надворешни работи на…

Полска започна операција на границата со Белорусија

Полска ја започна операцијата „Безбедна подласие“ на…

Пет лица загинаа, а 14 се повредени…

Пет лица загинаа, а 14 се повредени…