Вучиќ: Србија нема време за губење, мора да обезбедиме сигурна иднина
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја сумираше претходната недела во објава на Инстаграм. Тој вели дека Србија нема време за губење, и дека мора да изгради сигурна иднина за целиот српски народ и за генерациите што доаѓаат.
Александар Вучиќ изјави дека саемот во Абу Даби покажал дека Србија е сериозен играч во одбранбената индустрија.
Тој потсетува дека во Нови Сад е отворена мегафабрика на еден од најголемите светски гиганти во областа на автомобилската индустрија, како и дека Србија била домаќин на меѓународен саем за туризам.
„Како и секогаш, имав исклучителна средба со нашиот искрен пријател, претседателот на Абу Даби, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, со кого и оваа средба беше од големо значење, не само во однос на натамошното проширување на нашите одлични билатерални односи, но и во контекст на дополнителен развој на нашата одбранбена индустрија“, рече Вучиќ.
Тој посочи дека фабриката „Континентал“ во Нови Сад претставува парадигма на српската визија за успех и напредок.
А таа визија е да станеме неприкосновени регионални лидери во економијата, инфраструктурата, здравството, образованието, културата, новите технологии, бидејќи имаме сила и интелигенција за тоа“, рече Вучиќ.
Тој најавува дека се чека реализација на голем број проекти, потпишување нови договори и доведување на повеќе инвеститори, бидејќи Србија „нема време за губење, без оглед на сложената глобална ситуација“.
Мораме да изградиме безбедна иднина за сите наши луѓе и за генерациите што доаѓаат“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…