Силекс спречи Шкупи да го освои врвот, голема победа на тимот од Кратово

t

Македонскиот првак Шкупи се сопна денеска во Кратово, па Силекс со 2-1 ги победи чаирчани и ги спречи да го преземат врвот на табелата откако вчера лидерот Струга ТЛ одигра само 0-0 со Македонија ЃП, па разликата на врвот сега е два бода за стружани кои имаат меч повеќе од шампионите.

Имаше Шкупи свои шанси да остане барем непоразен во кратово и тоа откако Мамаду Данфа влезе во игра, па освен голот во 57-та минута за да го врати тимот во мечот, создаде уште низа шанси, Фреди Алварез имаше една пречка во првиот дел, а еден опасен слободен удар кон голот, но Даниел Божиновски одбрани безмалку сѐ освен шутот за гол на Данфа.

Стефан Милосављевиќ со прекрасен гол од слободен удар после само четири минути и Марко Ѓорѓиевски во 32-та минута беа стрелците за Силекс, кои на крај се покажаа како клучни за победата, по што кратовци го преземаа четвртото место на табелата.

Шкупи во следното коло ќе има шанса да го преземе врвот зашто Струга е слободна, а чаирчани имаат домашен меч со Академија Пандев, пред големото дерби за титулата за две недели отсега во Струга, меч кој ќе решава за првото место и за прашањето кој од двата кандидати за круната ќе има домашен меч во третиот и последен круг во сезонава.

Новото засилување на Шкендија, Ерлинд Чинари, кој дојде од турски Самсунспор ја донесе првата победа за тетовци во оваа втора полусезона, откако неочекувано тешко со само еден гол бившиот првак ја победи Победа со 1-0 за да се зацврсти на третото место и да им се приближи на ривалите во трката за титулата.

Цел еден час Победа успеваше да одолее на нападите на Шкендија, но попушти концентрацијата во 61-та минута за Чинари да погоди во мрежата и после поразот во супердербито со Шкупи со 0-2 минтата недела, сега да запише прва победа и да се приближи на осум бода зад лидерот Струга, а шест зад вториот Шкупи.

Младинскиот репрезентативец Иван Николов со голот во четвртата минута по асистенција на Ѓорѓи Ѓорѓиев ѝ донесе победа на Брегалница на гостувањето во Маџари кај Работнички, во пресметката на екипите од средината на табелата, за штипјани да останат во трката за четвртото место во сезонава.

Брегалница последен пат победи на 6 ноември лани, па до крајот на есенскиот дел немаше триумф, а со реми тргна и во оваа втора полусезона, па денеска конечно се израдува на триумф за да дојде до 25 бода и на само три од четвртиот Тиквеш, кој денеска одигра само реми без голови на гостувањето кај фенерџијата Скопје, кој со освоениот бод сега се израмни бодовно со Победа.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осумгодишно дете во мавровско Велебрдо повредено со…

Осумгодишно дете од селото Велебрдо, Општина Маврово…

Иран разгледува воени цели во Европа –…

Иран разгледува напади врз воени цели во…

Чаниште и трите манастири се безбедни, огнот…

Не постои опасност за прилепското село Чаниште…

Трамп врши притисок: Сака есенва да се…

Американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз…

(Видео) Огнот кај Чаниште под контрола, ер-тракторите…

Пожарот во Мариово се движи кон селото…