(Фото) Чади кумановската депонија „Краста“

t

Чади депонијата „Краста“ кај кумановското село Пчиња. Екипите на „Чистота и Зеленило“ со поддршка на механизација и денеска ќе ја покриваат со земја, зафатениот дел од депонијата, соопштија денеска надлежните од претпријатието.

На депонијата вчера се забележуваше и пламен кој беше видлив од повисоките локации од Куманово. Зафатен е горниот дел од депонијата од платформата.

– Поради силниот ветер, вчера се запали градската депонија „Краста“, веднаш интервенираа екипите на ЈП, асистираа и пожарникарите од ТППЕ Куманово. За жал, водата не ја гаси депонијата, горат гасовите и потребно е санирање и нанесување количини на земја, изјави директорот на ЈП, Даниел Стојчевски.

Од претпријатието побарале и поддршка од приватни стопанственици кои располагаат со земја која ќе се употреби за санација.

– Околу 70 проценти од зафатеното подрачје е намалено горењето, остануваат уште 30 осто. Се надеваме дека во текот на денот ќе се санираат и останатите. Станува збор за ризичен предел, земјата е мека и ризична, изјави Стојчевски.

И лани, во два-три наврати чадеше депонијата и надлежните од „Чистота и Зеленило“ сметаа дека е човечки фактор. Случаите се пријавени и во полицијата. Сега надлежните сметаат дека силниот ветер е причина за зачадувањето на депонијата.

Ветерот турна и големо дрво во стариот градски парк, искршени се неколку гранки од повеќе локации. Екипите на „Чистота и Зеленило“ ги отстрануваат дрвјата и гранките. Од претпријатието велат дека работат на кастрење на гранки, отстранување на стари дрвја по насоки на стручна комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Се запали една од омилените вили…

Голем пожар денес ја зафати вилата на…

Маж е пронајден жив под урнатините речиси…

Колумбиските спасувачки екипи денеска водеа трка со…

Стоилковски: Филипче си ја злоупотреби внуката за…

Пиењето вода од градска чешма во Гостивар…

Ахмети: Ја сакам Македонија колку што ја…

Не треба да прибегнуваме кон фолклор и…

ОЈО ГОКК со детали за акцијата: Запленети…

Во рамките на меѓународната соработка помеѓу обвинителствата…