Пендиков може кривично да одговара за навредите кон Македонија и Македонците
Секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков може кривично да одговара за навредите кои ги изрече на сметка на Македонија и Македонците. Ова во неделата го изјави вицепремиерот за европски прашања на Македонија (РСМ), Бојан Маричиќ, пренесува Њуз.бг.
Агенцијата пренесува дека Пендиков ќе треба да ги докаже пред обвинителството во Македонија своите наводи за малтретирање на Бугарите, а вицепремиерот Маричиќ смета дека Пендиков не бил нападнат затоа што се чувствува Бугарин.
„Таквото тврдење мора да се докаже. Не е точно, според мене, дека го напаѓаат затоа што е Бугарин. Ние, секако, одговоривме дека не оправдуваме насилство врз никого, изјави Маричиќ во интервју за Макфакс. За обвинувања и навреди кон Македонија може да се бара и кривична одговорност. Не е должен да си го врати државјанството. Ќе го повикам обвинителството, како што го повикавме сега во последните случаи каде што се зборува за омраза, за оштетување на нашиот народ и достоинство, да си ја заврши работата. Пендиков не треба да биде исклучок“ – ги пренесува Њуз.бг зборовите на вицепремиерот Марииќ.
Обвинителството во Охрид веќе побарало да се изврши распит а од Бугарија се побарани информации за моменталната адреса на Пендиков.
Инцидентот со претепувањето на Пендиков се случи во Охрид на 19 јануари, по што тој беше пренесен со бугарски авион нас лекување во Софија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Естонија на 1 декември ќе ја затвори…
По синоќешниот обид за саботажа во естонската…
ОН: До 2100 година Македонија може да…
Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…
Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…
(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…
Мајката на момчето кое што е осомничено…
Поранешен косовски министер уапсен во акција против…
Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…