Гир од Битола не подучи: Потребни се напори и од Скопје и од Софија за развивање на добрососедските односи

t

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир истакна дека и Македонија и Бугарија треба да вложат подеднакви напори за развој на добрососедските односи.

Потребни се напори и преземање обврски од двете страни, во добра волја за да се развијат овие позитивни односи, и двете страни да направат напори за имплементација на Договорот за добрососедство, за тој да се имплементира во добра волја за да има корист двете страни, рече Гир во одговор на новинарско прашање на отворањето на Јуроп хаус во Битола.

Тој рече дека сите земји имаат корист од развој на добрососедските односи во контекст на развивање на економијата, креирањето на нови работни места, културата и целото општество.

Она што е најважно е дека сите страни треба да направат се што е можно се со цел да се креира атмосфера тие односи да бидат попродуктивни и покорисни колку што е можно повеќе, рече тој.

Според него, во контекст на Договорот за стабилизација и асоцијација, којшто е првиот договор за односи со ЕУ, и во контекст на пристапните преговори, како што рече, секогаш е од огромна важност да се развиваат добри релации во контекст на добрососедски односи.

Она што сакаме ние да видиме е оваа земја да биде оценета врз основа на напредокот што ќе го постигне во процесот на реформи и сите напори треба да се фокусираат на тоа, на креирање работни места, развој на енергетскиот сектор, животната средина, владеење на правото, она што директно влијае врз животот на граѓаните, заклучи Гир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Естонија на 1 декември ќе ја затвори…

По синоќешниот обид за саботажа во естонската…

ОН: До 2100 година Македонија може да…

Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…

Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…

(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…

Мајката на момчето кое што е осомничено…

Поранешен косовски министер уапсен во акција против…

Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…