Ердоган побара прошка од турскиот народ заради земјотресите

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара прошка од турскиот народ за доцнењето на спасувачките операции во областите најтешко погодени од смртоносниот земјотрес на 6 февруари.

„Поради разорниот ефект од земјотресите и лошите временски услови во првите неколку дена, во Адјаман не можевме да работиме како што сакавме. Се извинувам поради тоа!“, изјави шефот на државата.

Тој вети дека провинциите погодени од земјотресот ќе бидат речиси целосно обновени во рок од една година и дека ќе се направат значителни напори за брзо изградба на нови станбени области и враќање на животот во нормала.

„Решени сме да изградиме живот многу поживописен од минатото. Затоа ги молам луѓето да ми дадат една година. Му ветувам на мојот народ дека речиси целосно ќе ги залечиме раните од земјотресите за една година“, рече Ердоган, цитиран од „Хуриет дејли“.

Веќе започнаа напорите за опоравување во сите 11 погодени провинции и ќе се направат повеќе во март и април, нагласи Ердоган.

„Сакам да апелирам до сите жители на овие провинции погодени од земјотресот: Не ги напуштајте трајно вашите градови и родни места. Ќе ви изградиме многу посилни, поубави и подобри куќи“, повика тој.

Дополнително, владата ќе воведе нов систем за подготвеност при катастрофи кој вклучува ефективни напори за урбана трансформација, рече Ердоган, нагласувајќи дека овој систем ќе ја покрие цела Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…

Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…

Силен земјотрес го погоди југоистокот на Турција

Земјотрес со јачина од 5,4 степени е…

Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…

Најмалку 11 лица ранети во пукање пред…

Тинејџер отворил оган пред средно училиште во…

Ердоган повторно ќе се кандидира за претседател…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се…