Започнува судењето за тепањето на Пендиков: Ќе се врати ли “жртвата” од Бугарија или ќе се крие од судскиот процес за “дилање” на дрога?

t

Денеска во Охридскиот суд започнува судењето за предметот околу тепањето на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков.

Обвинет е 24-годишниот македонски државјанин Илија Спасески кој пред судот ќе одговара дека со раце и нозе по главата и телото го удирал Пендиков со што му нанел тешки телесни повреди.

23-годишниот Пендиков беше претепан во Охрид на 19 јануари годинава. Според обвинителството, делото е извршено од омраза, според исказот на Пендиков тој бил тепан затоа што се чувствува како Бугарин.

Пред неколку дена беше приведен и вториот напаѓач на Пендиков. Обвинителството во Охрид побара од судот привремено да му го одземе пасошот за да не може да ја напушти земјава.

Двајцата обвинети засега се на слобода.

Македонските власти го осудија тепањето на Пендиков, Османи во посета на Пендиков во Бугарија кажа дека не е важно што останатите учесници во случајот кажале дека тепањето не било предизвикано само од омраза, туку и поради поврзаност на Пнедиков со дрога, за што против него се води активна кривична постапка во Македонија. Според Османи важно е дека тепаниот кажал дека бил тепан затоа што е Бугарин.

Обвинителството побара Пендиков да се врати во Македонија за да даде исказ на денешното рочиште, но засега не се знае дали тој ќе присуствува на рочиштето имајки предвид дека тој моментално живее во Бугарија каде од властите доби и сопствен стан, а најавија дека ќе му дадат и стипендија за да заврши факултет.

Проблематично е доколку Пендиков ја искористи ситуацијата да живее во Софија од, како што вели тој, страв за сопствениот живот, додека против него се води кривична постапка во која е обвинет, а не жртва и за која следува казна затвор од шест месеци до три години.

Од ОЈО Охрид не ни одговорија дали ќе реземат мерки за обезбедување на присуство на Пендиков во случајот кој се води против него, а за кој му следува затворска казна.

Во меѓувреме ицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека охриѓанецот Христијан Пендиков може кривично да одговара за тврдењата за малтретирање на Бугари во земјава. Пендиков во интервју дадено за бугарска телевизија обвини дека во Македонија убиваат, тепаат, стрелаат Бугари и дека полицијата на презема мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија отсега ќе има 20 министерства, непознато…

Maкедонија отсега ќе има 20, наместо 16…

Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се…

Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар…