Експлозијата би била како Хирошима: Поставени експлозиви во најголемото складиште за оружје во Европа
Поранешниот воен инспекторат на Министерството за одбрана на Молдавија објави дека вооружените сили на Придњестровје поставиле експлозиви во сите складишта за оружје во отцепениот регион, вклучително и складиштето за муниција во Кобасна, така што доколку започне каква било воена операција, тоа би предизвикало катастрофална штета на делови на Молдавија, Придњестровје и Украина.
Инаку, складиштето за муниција Кобасна е најголемо во Источна Европа и содржи до 20.000 тони оружје и муниција од советската ера. Се верува дека го обезбедуваат околу 1.500 руски војници. Уште од почетокот на рускиот конфликт со Украина, во Молдавија расте загриженоста за складиштето за муниција во Кобасна, а некои веруваат дека оружјето таму би можело да се користи во потенцијален иден воен конфликт.
Дополнително, Академијата на науките на Молдавија утврди дека експлозијата на оружјето, кое се наоѓа во складиштето за муниција, на кое одамна му истекол рокот, ќе биде еквивалентно на атомското бомбардирање на Хирошима и Нагасаки. Загриженоста за таков настан се зголеми по експлозијата во Бејрут во 2020 година.
Министерството за одбрана во Кишињев во петокот објави дека „нема директни закани за воената безбедност на земјата“, откако Москва повторно ја обвини Украина дека подготвува „инвазија“ во Придњестровје и предупреди дека секоја закана за руските војници таму ќе предизвика соодветeн „ воен одговор од страна на Русија, пишува Њуз.ро.
Министерството за одбрана на Молдавија дала низа објаснувања за „информациите кои кружат онлајн, за можни предизвици на Украина во левиот Днестарски регион“ и уверува дека ги следи „сите настани, акции и промени кои се случуваат во регионот и на територијата контролирана од режимот на Придњестровје“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се гради најголемата пловна населба во Европа!
Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…
Арсенал илегално оружје и муниција пронајдени во…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Москва со суптилно предупредување: Веруваме дека Белград…
Ја забележавме изјавата на српскиот претседател Александар…
Просечната европска пензија во 2022 година била…
Пензиите се главен извор на приход за…
Во Тирана уапсени дилери на дрога и…
Во акција на албанската полиција против шверц…