Објавено на:

Руски телеграм канал објави: Србија ѝ испорачала оружје на Украина?!

t

И покрај безрезервната поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ за рускиот претседател Владимир Путин, се покажа дека Србија ѝ доставува оружје и на Украина. Истрагата на рускиот Телеграм канал „Маш“ покажа дека српските проектили ѝ биле испорачани на Украина на 4 и 6 февруари. Тој објави видео од складиште во Братислава, низ кое транзитирале 3,5 илјади ракети М-21 од 122 мм за ракетните системи „Град“. Добавувач е српската компанија Крушик.

Според истрагата, ракетите биле нарачани од канадската компанија JNJ Export Import. Производството е испорачано од Србија во Турција од страна на компанијата Arca Savunma Sanayi Ticaret. Оттаму пратката оди во Словачка, а потоа во Украина.

„Знаат ли Србите кому на крајот ги продадоа проектилите – не е јасно. Може само да се претпостави уште колку такви пратки имало. Да се ​​потсетиме и на скандалот од 2019 година, кога во Донбас беа пронајдени српски минофрлачки гранати од 66 мм. Тогаш „Вучиќ тврдеше дека Крушик и ги доставил на Полска. Но, во документите објавени од медиумите, се гледа дека Украина е именувана како конечен примач“, се сеќава Маш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прво обраќање на Радомир Саичиќ како кандидат…

Студентската листа денеска соопшти дека академикот и…

Брнабиќ со остар испад пред изборите: „Ова…

Пратеничката на Српската напредна партија (СНС) и…

Српската полиција уапси 17-годишник во Белград со…

Српската полиција уапси седумнаесетгодишник од околината на…

Притвор до 30 дена за директорката на…

Вишиот суд во Белград одреди притвор до…

Србија ќе избира претседател на 27 декември:…

Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар…