Германскиот амбасадор му честитал на Таравари за влезот во Влада: Оптимизам за уставните измени

t

Германскиот амбасадор Граф му честита на Таравари за влезот на Алијанса за Албанците во Владата, има оптимизам за уставни измени, соопштија од партијата.

– Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на денешната средба го прими в.д. амбасадорот на СР Германија во Скопје, Ото Граф.

На средбата двајцата соговорници разговарале за важноста на странските инвестиции во градот Гостивар, како и нивниот континуиран раст.

– „Ја истакнав драгоцената соработка поврзана со проектите во Гостивар од страна на германската амбасада досега и му се заблагодарив на амбасадорот за покажаниот интерес за развивање нови иницијативи. Го информирав г. Граф и со приоритетните проекти за Гостивар кои мора да се реализираат во наредниот период и со оние што досега ги исполнивме, особено во училиштата и во областа на спортот“, рече градоначалникот Арбен Таравари.

– На средбата се разговараше и за политичката ситуација во земјата, поточно за неопходните уставни измени кои ќе го отворат европскиот пат за Македонија. Беше истакнато и дека уставните измени ќе се случат, а амбасадорот Ото Граф му честиташе на претседателот Арбен Таравари за влезот на Алијанса за Албанците во Владата, соопштија оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Изет Меџити ја повикува Алијанса за Албанците…

„Јас сум убеден дека ако останат со…

Русија и Кина формираат енергетска алијанса

Русија и Кина се во процес на…

Таравари избран за редовен професор на Meдицинскиот…

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен…