Судот не ги почитува законите: Во случајот „ПУЧ“ важеше аболицијата на Иванов, за случајот „Таргет/Тврдина“, судот не сака ниту да се изјасни
На денешното рочиште за предметот „Таргет/Тврдина“ одбраната обвинетите во предметот побараа изземање на судијата Илија Трпков од постапката за понатамошно судење во овој предмет бидејќи веќе бил дел од овој предмет како судија на претходна постапка.
Во изјава за медиумите, адвокатот на одбрана Ѕвонко Давидовиќ посочи дека судијата соогласно Закон мора да биде изземен од случајот бидејќи претходно учествувал во овој предмет и донел одлука која може да се побие со жалба, но за жал како што констатира и самиот Давидовиќ судот не ги почитува Законите.
-Судењето почна со барање за изземање на судијата од една проста причина што изземањето законот предвидува дека секој судија кој што претходно учествувал во овој предмет и донел одлука која може да се побие со жалба мора да биде изземен. За жал нашите судови законот не го почитуваат туку создаваат некоја судса пракса на која се повикуваат понатаму, а е спротивна на законот.
Друга тема на која коментираше Давидовиќ беше аболицијата на екс-претседателот Ѓорѓе Иванов за која и самиот потенцираше дека не постои правна можност да биде повлечена. Тој напоменува дека судот во Стразбур побара од македонските судови да се искористат сите домашни правни лекови околу овој предмет за да може потоа Судот за човекови права во Стразбур да одлучува. Токму тоа во моментов го прави одбраната во случајот со конкретното барање до судот кој треба да одлучи дали важат помилувањата или не.
-Конкретно барањето е да реши судот дали важи помилувањето или не важи помилувањето и да донесе формална одлука за да може одбраната да пристапи по оној деловник кој судот во Стразбур го бара. Односно да се искористат сите правни лекови во однос на таквата одлука. До сега судот тоа не го направи. Одбраната инсистира такво нешто да се случи затоа што и судот во Стразбур е јасен, а македонските судови се должни да ја применат таа одлука каде што вика даваме можност за националните судови неправилностите да ги исправат. Еве му шанса да ги исправи, вели Давидовиќ.
Како што е познато во правната фела и како што напомена самиот Давидовиќ едаш дадено помилување не може да биде повлечено, но сепак до сега судот не се произнесе под однос на ова барање во случајот „Таргет/Тврдина“, односно дали важи или не аболицијата на Иванов.
-Бараме судот да донесе одлука по нашето барање дали постои пречка да се продолжи судењето, односно дали одлуките за помилување важат или не важат, заклучи тој.
За одбраната клучен е случајот „Пуч“ во кој беше обвинет и екс-премиерот Зоран Заев. Токму за овој случај од страна на судот беше констатирано дека важи аболицијата на претседателот Иванов, а одбраната на обвинетите во случајот планира да се повика токму на овој случај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…