Нема леб – Пекарите ја остварија заканата

t

Пекарите ја остварија својата закана. Денеска утрово на рафтовите има само од старите залихи на леб, и тоа од специјалните видови.

Како што е познато, Владата на вчерашната седница одлучи да не попушти под заканите на пекарите и ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

Според пресметките на Владата, дел од поскапувањата се неоправдани, а како аргумент плус го наведоа и тоа што ист леб се продава по драстично различни цени низ земјава – од 28 до над 45 денари. Освен замрзнувањето на цената на лебот, Владата ја укина и субвенционираната струја за прехранбената индустрија.

Вработените во некои од скопските продавници велат дека утрово биле известени од фурните кои редовно им носат леб, дека нема да има достава ниту денес, ниту утре, а во петок евентуално ќе има специјални видови на леб.

Дел од маркетите велат дека пекарите ги известиле дека денес нема да им достават леб и тие ќе ги продаваат старите залихи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…

(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…

Мајката на момчето кое што е осомничено…

Поранешен косовски министер уапсен во акција против…

Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…

Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…

Илон Маск се приклучи на сè погласните…

Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…

Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…