Гир: Пристапувањето на Македонија во ЕУ не е милост туку заемен интерес
Пристапувањето на Македонија во ЕУ не е милост туку заемен интерес – ова е пораката на Евроамбасадорот Дејвид Гир од Скопскиот економски форум.
На панел дискусијата посветена на ЕУ и Западен Балкан и ЕУ. Прицесот на пристапување како што истакна Гир е кредибилен и достижен, а земјава спроед него, треба да се фокусира на потребните реформи. Вели дека на Унијата и е јасно дека во земјава има разочарување од долгиот процес на пристапување.
-Заложбата на Европската Унија со проширувањњто и со оваа земја особено, не е заснована на милост, туку тоа е врз исцрпна пресметка и заемен интерес. Јасно е дека е во наш и ваш безбедносен, просперитетен и демократски интерес заедно да бидеме во Унијата. Вистински напредок беше постигнат минатата година со почетокот на преговорите за пристапување, скрининг процесот е во тек и сега фокусот треба да биде на спроведување на реформите потребни за пристапување на земјата во ЕУ. Тоа не е лесно, не го потценуваме, но ова не е голема земја, веќе имате постигнато многу.-Дејвид Гир- Евроамбасадор.
Дека Европската Унија работи напорно да му помогне на Западен Балкан за да се реализира ветувањето кон регионот – уверуваше и еврокомесарот Вахрхеји преку видео порака на форумот.
-Можете да сметате на нашата посветеност и поддршка за Западен Балкан. Работиме напорно да му помогнеме на регионот со нови можности за бизниси и граѓани и да го исполниме ветувањето за Западен Балкан да влезе во ЕУ.-Оливер Вархеји – Еврокомесар за проширување.
Форумот официјално утринава го отвори премиерот Ковачевски, кој меѓудругото повтори дека повеќе не е прашање дали Западен Балкан ќе стане дел од ЕУ, туку кога. Ковачевски оцени дека земјава според него, цврсто чекорела на патот кон членство и била препознаена како фактор на стабилност во регионот.
-Досега сум кажал, но пак ќе истакнам, веќе не е прашање дали Западен Балкан ќе стане дел од ЕУ, туку кога ќе стане дел од ЕУ. На Економскиот форум гледам како на продолжение односно надополнување на заедничките регионални иницијативи, меѓу кои и Отворен Балкан, каде преку различни проекти, го олеснуваме и подобруваме животот на граѓаните, изјави – Димитар Ковачевски – Претседател на Владата.
Скопскиот економски форум кој е во организација на Делфи економскиот форум и Грчката бизнис асоцијација. На форумот покрај покрај амбасадорите од ЕУ и земјите – членки на Унијата, присуствуваа и косовскиот премиер Курти, како и неговиот црногорски колега Дритан Абазовиќ. Двајцата меѓудругото испратија пораки за брз евроинтегративен процес на регионот и засилена економска и инфраструктурна соработка меѓу државите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…
(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…
Мајката на момчето кое што е осомничено…
Поранешен косовски министер уапсен во акција против…
Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…
Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…
Илон Маск се приклучи на сè погласните…
Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…
Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…