Денес се празнува Светиот великомаченик Теодор Тирон

t

„Тирон“ значи „регрут“. Штотуку светиот Теодор беше стапил во војска, во Мармаритскиот полк, во градот Амасија, започна гонењето на христијаните под царевите Максимијан и Максимин. Со оглед дека тој не сакаше да крие дека е христијанин, го подложија на суд и го фрлија во затвор, заклучен и запечатен. Во затворот му се јави Самиот Христос велејќи му:

„Не плаши се, Теодор, Јас Сум со тебе, не земај веќе овоземна храна и пијалак, зашто ќе бидеш во другиот живот, вечниот и неминливиот, со Мене на небесата“.

При ова, се јави мнозинство ангели во затворот и сиот затвор заблеска прекрасно, а затворските стражари ги видоа ангелите облечени во бело и мошне се уплашија. Потоа свети Теодор беше изведен и осуден на смрт. Го фрлија во оган и Му ја предаде својата душа на севишниот Бог. Пострада во 306 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Светата великомаченичка Злата Мегленска

Родена е во селото Слатина, во Мегленската…

Денес се празнуваат Светите маченици Тарах, Пров…

Тарах беше родум од Клавдиопол во Сирија;…

Денес се празнува Преподобен Теофил Струмички

Блажениот Теофил се родил од побожни родители…

Денес се празнува Светиот апостол Јаков

Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи…

Денес се празнува Преподобна Пелагија

Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во…