Распишан оглас за нови јавни обвинители во ОЈО ГОКК
Советот на јавни обвинители на денешната 75. седница донесе одлука за распишување нов оглас за избор на четворица јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Претходниот оглас за обвинители во ОЈО ГОКК пропадна, а недостигот на јавни обвинители во едно од најважните обвинителства беше решено со привремено упатување на обвинители.
Советот на ЈО на 67. седница во октомври минатата година не избра ниту еден од шестмината пријавени кандидати за јавни обвинители во ОЈО ГОКК, откако на гласањето, ниту еден од нив не го доби потребното мнозинство гласови. На овој оглас, пријавени беа Милица Гаврилова и Маја Коневска од ОЈО ГОКК Скопје, Елизабета Јосифовска од ОЈО Гостивар, Верица Бержевска Крстевска од ОЈО Скопје и Златко Биковски од ОЈО Берово.
Тогаш со одлука на Советот, јавните обвинителки Милица Гавриловска и Маја Коневска беа вратени во ОЈО, каде биле и пред да се кандидираат.
На денешната седница Советот, исто така донесе одлука за објавување оглас за избор на шеф на Основното јавно обвинителство – Штип.
Совет, иако ја разгледа можноста за донесување на одлука за распишување на оглас за избор на јавни обвинители во Вишите јавни обвинителства во Скопје, Гостивар и Битола, сепак не донесе таква одлука. На ова, реагираше заменик претседателот на Советот ,Арбер Исаку, кој истакна дека шест месеци ова прашање стои отворено и не може да се донесе одлука.
Претходно, Советот на ЈО објави оглас за избор на вкупно 31 јавен обвинител во повеќе основни јавни обвинителства низ земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДКСК се „неписмени“, сметаат обвинителите
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…
Комплетирано вештачењето за „Еуростандард Банка“ – Разрешница…
На денешниот брифинг со новинарите, обвинителите од…
ОЈОГОКК ќе го истражува случајот со обезбедувањето…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…
Судот одлучи: 14 осомничени за “Синџир” одат…
Судија во претходна постапка вчера, доцна вечерта,…
Еден од уапсените во “Синџир” извлекол речиси…
Акцијата, како што соопштија од ОЈОГОКК е…