Ѓоковиќ ,,меле”: Нова убедлива победа за 1/2 финале во Дубаи
Актуелниот број еден во светскиот тенис, Новак Ѓоковиќ без преголема мака и по два сета го победи Хуберт Хуркач за пласман во полуфиналето на Мастерс 500 во Дубаи, откако славеше со 6-3, 7-5.
Не минал Ѓоковиќ лесно како во минатото коло со Грикспор, но не се мачеше ни на стартот како со Махач, па Србинот имаше само добар тест против 11-то рангираниот Хуркач и во 80 минути со нешто потешка задача во вториот сет дојде на чекор до ново финале.
Ѓоковиќ со одличниот сервис не му дозволи на Хуркач ни една шанса за брејк, но и противникот не се предаваше така лесно, па од трета брејк шанса Ѓоковиќ дојде до брејк во првиот, а од петта шанса во вториот сет после егалот 5-5 за да ја запише 15-та победа сезонава.
Противник во полуфинале ќе му биде Борна Чориќ или Данил Медведев
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АМСМ: Зголемена фреквенција на возила надвор од…
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива…
Трамп го одложи воведувањето царини за Канада
Американскиот претседател Доналд Трамп го одложи за…
Политичка бомба во Киев: Сменетиот министер Федоров…
Неодамна разрешениот украински министер за одбрана Михајло…
Иран ја губи контролата врз Хормуз
КОНТРОЛАТА врз Ормутскиот теснец стана клучно прашање…
Активни три пожари, огнот во прилепско е…
На ден 18/19.08.2026 година, до 07:30 часот,…