Ѓоковиќ ,,меле”: Нова убедлива победа за 1/2 финале во Дубаи
Актуелниот број еден во светскиот тенис, Новак Ѓоковиќ без преголема мака и по два сета го победи Хуберт Хуркач за пласман во полуфиналето на Мастерс 500 во Дубаи, откако славеше со 6-3, 7-5.
Не минал Ѓоковиќ лесно како во минатото коло со Грикспор, но не се мачеше ни на стартот како со Махач, па Србинот имаше само добар тест против 11-то рангираниот Хуркач и во 80 минути со нешто потешка задача во вториот сет дојде на чекор до ново финале.
Ѓоковиќ со одличниот сервис не му дозволи на Хуркач ни една шанса за брејк, но и противникот не се предаваше така лесно, па од трета брејк шанса Ѓоковиќ дојде до брејк во првиот, а од петта шанса во вториот сет после егалот 5-5 за да ја запише 15-та победа сезонава.
Противник во полуфинале ќе му биде Борна Чориќ или Данил Медведев
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешен косовски министер уапсен во акција против…
Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…
Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…
Илон Маск се приклучи на сè погласните…
Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…
Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…
(Фото) Ја тепал во автомобил додека не…
Охридската полиција утрово привела 31-годишен маж по…
УАПСЕНИ 11 ВОЗАЧИ: Возеле пијани и без…
МВР соопшти дека 11 возачи се лишени…