Малку утнал: Бујар Османи со честитка за празникот посветен на Санстефанска Бугарија

t

Османи си остана доследен на честитките за потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор од 1878 година. Министерот за надворешни работи со желби за проспиретит и успех го честита националниот празник на Бугарија.

„Им посакувам на луѓето во Бугарија просперитет и успех. Убедум сум дека односите меѓу двете земји можат и натаму да се засјакнат во духот на европските вредности и добрососедството“ напиша Бујар Османи на Твитер.

Кај источниот сосед со сите почести од утрото се одбележува 145 годишнината од потпишувањето на мировниот договор во Сан Стефано и исцртувањето на границите на бугарска држава на огромна територија која ја опфаќала и речиси цела етничка Македонија, а кои останаа само на хартија.

„Поклонување пред споменот на оние кои го дадоа животот за Бугарија! Среќен национален празник! “ порача Румен РАДЕВ – Претседател на Бугарија.

Контроверзниот Ангел Џамбаски, еден од најголемите негатори на Македонскиот народ и држава, на социјалните мрежи сподели слика од Сан Стефанска Бугарија која ја опфаќа и денешната територија на Македонија.

Неговиот пример го следи и претседателот на бугарската фондација „Македонија“ Виктор Стојанов кој упати иредентистичка порака.

„3-ти март е наш национален празник затоа што ги зацрта границите на бугарската земја – каде живејат Бугари: во географски подрачја: Мизија, Тракија и Македонија“ пишува Стојанов.

Овој ден во Бугарија се одбележува како еден од најголемите национални празници. На споменикот на незнајниот војник владино – политичкиот врв, како и обични граѓани положија венци. Кај источниот сосед денеска е неработен ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…

Илон Маск се приклучи на сè погласните…

Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…

Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…

(Фото) Ја тепал во автомобил додека не…

Охридската полиција утрово привела 31-годишен маж по…

УАПСЕНИ 11 ВОЗАЧИ: Возеле пијани и без…

МВР соопшти дека 11 возачи се лишени…

Холандија разгледува „црна фаза“: Супермаркети со генератори…

Холандските супермаркети и Министерството за земјоделство разговараат…