Објавено на:

Холандија разгледува „црна фаза“: Супермаркети со генератори и резерви на храна за време на криза

t

Холандските супермаркети и Министерството за земјоделство разговараат за план според кој избрани продавници би останале отворени и при војна, сериозен кибернапад или долготраен прекин на струјата. Целта е населението да може да купи основни прехранбени производи и кога редовното снабдување е нарушено. Во холандските медиуми ова крајно сценарио се нарекува „црна фаза“.

Според предлогот, конкурентските синџири би се договориле кои продавници во секој град или регион ќе работат во итни услови. Избраните објекти би добиле резервни генератори за да можат да продолжат со работа при прекин на струјата. Се разгледува и создавање резерви на основни производи, со поограничен асортиман од оној што супермаркетите го нудат вообичаено.

Марк Јансен од холандското здружение на супермаркети ЦБЛ предлага мрежата да биде доволно густа за секој жител да може да стигне до една од овие продавници за околу 15 минути. Тоа е цел на предлогот, кој сè уште се разгледува. Со Министерството за земјоделство се разговара и за тоа како би се покриле трошоците.

Киберинцидентот во „Алберт Хејн“ покажа колку снабдувањето зависи од дигиталните системи. Компанијата соопшти дека превентивно исклучила дел од системите, вклучително и оние за логистика, поради што привремено била прекината доставата на намирници нарачани преку интернет. Физичките продавници останале отворени, а касите продолжиле да работат.

Холандската влада паралелно подготвува национален кризен план за снабдување со храна, кој треба да утврди што ќе прават производителите, дистрибутерите и супермаркетите при поголем прекин. Властите веќе им препорачуваат на домаќинствата да чуваат резерви на храна и вода за првите 72 часа од криза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Холандија разгледува „црна фаза“: Супермаркети со генератори…

Холандските супермаркети и Министерството за земјоделство разговараат…

Јеменската армија се повлекува од Баб ал-Мандеб:…

Армијата на меѓународно признаената јеменска влада денеска…

Ирански претставник: Преговорите со САД завршија

Хасан Кашкави, портпарол на Комисијата за национална…

Пронајдено тело на машко лице по гаснењето…

Во пожарот што синоќа пред полноќ избувна…