Објавено на:

(Видео) ОЧАЈ ВО ОЧИТЕ НА УКРАИНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО БАХМУТ: „Опколени сме од сите страни, а ова е муницијата што ни остана“

t

Основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин изјави дека руските сили практично го опколиле Бахмут и поради тоа го повика претседателот на Украина Володимир Зеленски да ги повлече украинските трупи, бидејќи ќе бидат живи уште ден-два.

На социјалните мрежи се шират наводни видеа од украински војници во Бахмут кои тврдат дека се опколени и без муниција.

Украинските сили се задржаа на Бахмут за време на неколкумесечните немилосрдни напади. Сега, ситуацијата се влошува и се зборува дали и кога Украина ќе ги повлече своите војници. Генерал-полковник Олександр Сирски, командант на копнените сили на Украина, изјави претходно оваа недела дека ситуацијата околу Бахмут е „екстремно напната“.

Во исто време на социјалните мрежи кружат видеа од очајни украински војници во Бахмут.

„Овде сум со момците и ова е сета муниција што ни остана. Ние сме во гомна. Сега сме опкружени од сите страни… Па чекаме… Не можеме повеќе“, вели пред камерата еден од очајните војници, а потоа ги смирува оние на кои им е упатено видеото: „Се ќе биде добро. Ќе дојдам дома и ќе те бакнам. Те сакам“, завршува тој.

Лидерот на руската воена компанија Вагнер, која се бори во областа Доњецк во источна Украина, од зграда во предградието на Бахмут зборуваше со порака за украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Единиците на ПМЦ Вагнер практично го опколија Бахмут! Ако професионалната украинска војска претходно се бореше со нас, денес меѓу нив гледаме се повеќе стари луѓе и деца, а нивниот живот во Бахмут трае ден или два“, рече Пригожин.

Тој го повика Зеленски конечно да ги повлече војниците од градот пред конечно да бидат опколени.

Уништениот Бахмут е под постојан напад на руските војници, а неговото заземање би отворило пат за Русија целосно да го контролира остатокот од стратешкиот индустриски регион Донбас, што е една од главните цели на инвазијата започната на 24 февруари 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Судењето на Нетанјаху треба веднаш да…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара двонеделна пауза…

Левица: Дел од пазарот во Драчево е…

Локалниот огранок на Левица од Кисела Вода…

Од ветени жетви – останаа само празни…

Од ветените жетви на Цветан Трипуновски останаа…

Бугарија останува со најниски цени во ЕУ

Во услови на загриженост за очекуваниот шпекулативен…

Левица: Јаболкарите се повторно изманипулирани!

И покрај бројните ветувања од надлежните институции,…