Европратеник: Вучиќ ја користи ЕУ како личен банкомат
Холандскиот европратеник Теис Ројтен побара писмен одговор од Европската комисија за да ја објасни нејзината политика кон Србија, како и зошто Европската унија неодамна пропиша грант во вредност од 600 милиони евра, како и пакет финансиска помош во вредност од 2,2 милијарди евра, „знаејќи дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја користи Унијата како личен банкомат“.
„На 28 февруари еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархељи на Република Србија и презентираше пакет финансиска поддршка во вредност од 2,2 милијарди евра, од кои 600 милиони евра се грантови. Ова е најголемиот грант од ЕУ во историјата на Србија. Во својот говор на прес-конференцијата, еврокомесарот ја нарече Србија, која станува се поавторитарна, „пријател“, а денот на потпишувањето на финансискиот пакет беше „вонреден“ и „многу симболичен“, се наведува во писмото.
Европратеникот наведува дека истата вечер претседателот на Србија на национална телевизија изјавил дека не сака да го потпише Договорот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, кој, како што се наведува, бил договорен дури претходниот ден, со посредништвото на ЕУ, а кое беше подготвен да го потпише и премиерот на Косово Албин Курти.
Тој потоа изнел три прашања до Европската комисија.
„1. Со оглед на одбивањето на претседателот да го потпише предлогот за европски договор, дали комисијата го дели мислењето дека времето на посетата на еврокомесарот на Србија, неговите комплементарни забелешки и доставувањето на најголемиот грант од Србија досега претставуваат ризици кои сигнализираат дека ЕУ ја поддржува Србија опструкционизам?
2. Кои чекори ќе ги преземе комисијата за да ја поттикне Србија да го потпише европскиот нацрт-договор?
3. Дали комисијата ќе одлучи да ги прекине плаќањата кон Србија во согласност со Економскиот и инвестицискиот план додека нејзиниот претседател не потпише и покаже кредибилна посветеност на спроведувањето на предлогот на ЕУ?“.
Тјс Ројтен на својот Твитер напиша дека „ЕУ мора да го запре самоуништувачкото финансирање на опструкционизмот на Вучиќ“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протест на Србите во Северна Митровица: За…
Србите од северот на Косово денеска се…
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…