Објавено на:

Огромен протест во Израел: 300.000 луѓе на улица, пробиен кордон, обид за блокирање на автопатот и уапсени демонстранти

t

Голем број Израелци денеска повторно излегоа на улиците, деветта недела по ред, протестирајќи против владините реформи во правосудството.

Израелските медиуми тврдат дека ширум земјата протестирале околу 300.000 граѓани.

Портпаролот на израелската полиција изјави дека околу 200 демонстранти го пробиле полицискиот кордон во Хашалом, Тел Авив, запалиле ракети и дека полицијата се обидела да ги спречи.

Полицијата соопшти дека четворица демонстранти се приведени за време на протестот против реформите во судството вечерва во Ерусалим поради наводен напад врз полицајци.

Демонстрантите започнаа марш по големиот митинг во близина на резиденцијата на претседателот, но полицијата ги спречи да напредува покрај улицата Бен Сарук.

„За време на оваа поворка и поради непристојно однесување и случај на насилство врз полициски службеници, уапсени се 4 осомничени кои се приведени на распит во полициска станица“, вели полицискиот портпарол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…

Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…

Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…

Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…

Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…

Двајца израелски војници се убиени во Јужен…