(Видео) Трамп: Само јас можам да ветам дека ќе спречам Трета светска војна!
Јас сум единствен кандидат за претседател кој може да ви вети дека ќе спречи Трета светска војна, посочи во неговиот говор кој траеше два часа поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Тој најави кандидатура и за претстојните претседателски избори, за што веќе ја започна својата кампања.
– Јас ќе спречам многу лесно Трета светска војна, иако таа сега е многу блиску, посочи Трамп во обраќање кон гласачите. Тој нагласи дека е нивниот глас и нивниот воин.
Претходно Трамп изјави дека светот оди кон Трета светска војна.
– „Ако погледнете и сфатите какви чекори презема Бајден во врска со Украина, ќе видите дека тој систематски, но можеби несвесно, нè турка во она што наскоро може да се претвори во трета светска војна“, рече Трамп во видеото објавено на неговиот профил на Трут Сошал (Truth Social).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Си-ен-ен: Израел тајно распореди сили во Азербејџан
Си-ен-ен објави истражување во кое тврди дека Израел за…
Деветмина загинати во израелски воздушен напад над…
Во денешните израелските воздушни напади врз јужен…
Израел уби висок генерал на либанската армија
Израелската војска тврди дека возилото влегло во…
Путин до Зеленски: „Дојди во Москва на…
Рускиот претседател Владимир Путин ѝ порача на…
Постигнато примирје меѓу Израел и Либан
Израел и Либан се согласија да „спроведат…