Царкњас: Физички не сум повреден но се исплашив многу – ова е поради тоа што сум Македонец

t

Македонскиот православен свештеник во Грција архимандритот Никодим Царкњас на 23 февруари бил нападнат од една група млади лица во Саботско, Грција додека се движел со својот автомобил. Ова го објавија од Обединетата македонска дијаспора со седиште во Вашингтон која сподели и фотографии од оштетеното возило што го управувал 80-годишниот свештеник.

Во изјава за ТВ 24 Царкњас го потврди настанот и вели физички повреди немал но многу се исплашил зашто лицата удирале со клоци и со тупаници по возилото. Еден од нив дури и излегол пред возилото за да му го попречи движењето но, не успеал во тоа. Сега тој со лажни сведоци, вели Царкњас, го тужел дека свештеникот сакал да го изгази.

Сето ова е поради тоа што јас се декларирам за Македонец и што проповедам на македонски јазик во нашата македонска црква во овој дел на Грција. Правдата ќе ја бара на суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јеменската армија се повлекува од Баб ал-Мандеб:…

Армијата на меѓународно признаената јеменска влада денеска…

Ирански претставник: Преговорите со САД завршија

Хасан Кашкави, портпарол на Комисијата за национална…

Пронајдено тело на машко лице по гаснењето…

Во пожарот што синоќа пред полноќ избувна…

Бугарската опозиција бара оставка од шефот на…

Пратеничката група на „Демократска Бугарија“ бара оставка…