Дали ќе има замрзнување на цените и на другите прехранбени производи?
Во Министерството за економија во тек се анализите кои треба да покажат дали, освен лебот, ќе има замрзнување на цените и на другите прехранбени производи.
Министерот за економија Крешник Бектеши во петокот во гостување на телевизија Сител најави дека до крајот на неделата ќе се знае дали ќе има ново замрзнување на цените.
-Сите производи кои се наведени во Одлуката за ограничување на маржата се анализираат. Во моментов конкретно се анализираат цените на тестенините и на млечните производи и најверојатно до крајот на следната недела ќе видиме што ќе покаже анализата и ќе донесеме соодветни одлуки, изјави Бектеши во петокот.
Одлука за замрзнување на цените на прехранбените производи на предлог на Министерството за економија носи Владата, која вообичаено седниците ги одржува во вторник.
Претходно, Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари до крајот на мај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јеменската армија се повлекува од Баб ал-Мандеб:…
Армијата на меѓународно признаената јеменска влада денеска…
Ирански претставник: Преговорите со САД завршија
Хасан Кашкави, портпарол на Комисијата за национална…
Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство…
На 15.11.2026 во 05:05 часот на ул.…
Пронајдено тело на машко лице по гаснењето…
Во пожарот што синоќа пред полноќ избувна…
Бугарската опозиција бара оставка од шефот на…
Пратеничката група на „Демократска Бугарија“ бара оставка…