Внукот на Љубе Бошковски е киднапиран од лица од Албанија и Турција?!
Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошковски, веќе четири дена го нема, неговите најблиски велат дека е киднапиран, а полицијата упорно тврди дека не се работи за киднапирање. МКД.мк од сопствени извори дознава дека сепак се работи за киднапирање извршено од криминална група од Албанија и Турција во обид да се наплати некаков долг.
Костадиновски е внук од брат на Виолета Бошковска, сопругата на Љубе. Таа вели дека никој ништо не знае за нејзиниот внук кој има 26 години. „Во автомобилот во кој влегол имало три лица. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен“, изјави Бошковска за ММС.мк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Катастрофа во Албанија: угинаа тони риби по…
Еколошка катастрофа се случи во градот Љушња…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…
Силен земјотрес го погоди југоистокот на Турција
Земјотрес со јачина од 5,4 степени е…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Уапсена шефицата на албанската тајна служба, Влора…
Директорката на албанската разузнавачка служба Шиш, Влора…