Немаат мир: Нова серија силни земјотреси во Турција
Серија земјотреси со јачина од 4,7 степени денеска го погодија централниот турски округ Кајсери. Според владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), земјотресите биле со јачина од 4,7 степени, а следувале потреси со јачина од 4.4 , 4.3 и 3.8 степени.
Првиот земјотрес со јачина од 4,7 степени се случи во 14 часот и 47 минути, неговиот епицентар бил во градот Ињесу. Неговата длабочина беше 12,8 километри. За шест минути следеа два земјотреси со јачина од 4,4 и 3,8 степени. Во 14 часот и 48 минути имало нов земјотрес со јачина од 4,3 степени, со епицентар во градот Хаџалар.
Во Кајсери продолжуваат последователните потреси. Земјотресите беа почувствувани во многу окрузи во областа, вклучувајќи ги Адана, Нигде, Аксарај. Шефот на АФАД, Јунус Сезер, истакна дека засега нема податоци за повредени лица и материјална штета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три лица од Турција нападнати кај кањонот…
– Вчера во 18:30 часот во СВР…
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Турција го блокира Инстаграм
Овој потег уследи по коментарите на турскиот…
Турција ќе ги заловува, но нема да…
Турскиот парламент усвои закон што налага сите…
Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…
Турција би можела да влезе во Израел…