“Железната ТВ кукла на Путин”: Британците јадат верверички, немаат пари поради помошта за Украина
Руската пропагандистка која игра улога на телевизиска новинарка, Олга Скабеева, позната и како „железната кукла на ТВ на Путин“, во емисија изјави дека Британците до тој степен осиромашиле поради помошта за Украина, што биле принудени да ги јадат верверичките од парковите.
„Денес беше откриено дека некои ресторани во некогаш големата Велика Британија ќе служат верверички. Бидејќи во парковите има многу животни, па зошто да не ги јадат кога има недостаток на храна. Но, тие сепак не се колебаат во нивната одлука да му помогнат на Зеленски со набавка на оружје“, рече Скабеева.
Извадокот од емисијата на Твитер го сподели Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.
„Ќе јадат верверички, но сепак ќе доставуваат тенкови. И не очекувајте протести“, заклучува Скабеева во клипот.
Водителката е позната по бизарните тврдења. Како и другите пропагандисти на Путин, таа често го спомнува нуклеарното оружје, па остана запаметена и нејзината изјава дека Русија требало да фрли нуклеарна бомба врз Лондон кога „сите водечки луѓе“ беа на погребот на кралицата Елизабета Втора.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…