(Фото) Место казни, полицијата делеше каранфили
Македонската полиција денеска на улиците во Скопје делеше каранфили на жените возачи. Министерството за внатрешни работи на официјалната фејсбук фан страница сподели неколку фотографии, како стопираат возила управувани од жени и наместо казна подаруваат цвеќе за Денот на жената.
-Превентивни активности на СВР Битола и РСБСП за побезбеден сообраќај
Денеска (08.03.) полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во сорботка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во повеќе градови под належност, односно на подрачјето на овој сектор за внатрешни работи, а по повод меѓународниот Ден на жената, 8-ми Март, реализираше превентивни активности од областа на сообраќајот.
Така во Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Македонски Брод и Демир Хисар полициските службеници честитајќи го празникот на жените-возачи укажуваа на нужноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, особено кога станува збор за користењето сигурносен појас, потоа некористењето на мобилни телефони при возење, неуправување со возило при дејство на алкохол, прилагодување на брзината на движење и слично. На граѓаните им беа делени и печатени информативни материјали изработени во соработка со РСБСП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кочанец ѝ се заканувал на делчевка по…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела…
Хорор во Охрид: Ја тепал девојката до…
Ужас го потресе Охрид, откако триесет и…
По снимките во кои зборува за притисок…
Ива Михаилова денеска преку Фејсбук порача дека…
Женска тепачка кај Бит Пазар – скопјанка…
МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…
Македонскиот кардиолог Сашко Кедев влезе во Гинис…
Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев…