Објавено на:

Димитриевски: САД се наш најголем сојузник

t

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вчерашното интервју за Макфакс изјави дека Соединетите Американски Држави се најголемиот сојузник на државата и единствено со САД имаме потпишано стратешки договор за стратешко партнерство.

Тој потенцираше дека американски помошен државен секретар уште на самиот почеток на процесот со францускиот предлог излегол и рекол дека тоа е билатерален проблем и државите треба да го решаваат спогодбено меѓусебе, Македонија треба да стане полноправна членка на Европската Унија.

Во интервјуто, Димитриевски истакна дека проблемот којшто доаѓа од Бугарија е едностран и кога ќе се направи анализа дали денеска по историското потпишување на Договорот за добрососедство и пријателство, дали односите помеѓу двете држави е подобар сите ќе одговорат не.

„Тоа што Жељу Желев и Киро Глигоров го изградија врз база на взаемна комуникација, разбирање, почитување, овој договор во целост го сруши. Тоа покажува дека всушност договорот за добрососедство и пријателство првично е погрешна работа, а потоа избрзана, затоа што текстот којшто е ставен внатре не е обработен до крај. Зошто еден меѓудржавен договор би се чувал во тајност од јавноста? Јас 2017 година бев пратеник пред да станам градоначалник на Куманово, не знаев ништо за овој договор. 2018-та година се внесе во Собрание да се гласа, јавноста не знаеше како таа политичка елита ќе не води, ако не ни кажува што потпишува и како потпишува. Овој договор е штетен, а францускиот којшто всушност е резултат на тврдите ставови на едностраните, Бугарија којашто е земја членка на Европската Унија, а апсолутно нешто што многу штети на долгорочен план на државата, затоа што ние со францускиот предлог еден билатерален проблем којшто го имаме „јас и вие“ парафразирам го трансформираме во мултилатерален проблем“, рече Димитриевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Америка ја сече гранката на која…

Со воведувањето санкции кон Русија, американските власти…

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

Воздухопловните сили на САД распоредија ловци Ф-22…

Воздухопловните сили на САД распоредија неколку стелт-ловци…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Москва и Вашингтон го осудија атентатот врз…

Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма до…