МВР сè уште трага по внукот на Љубе Бошковски

t

Министерството за внатрешни работи сè уште трага по 26-годишниот Самоил Костадиновски кој исчезна во саботата на 4-ти март, информираат од МВР.

Костадиновски е внук на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.

Дваесет и шест годишниот Самоил Костадиновски, кој неколку дена се води за изчезнат, непосредно пред да му се изгуби трага и глас комуницирал со познаници, на кои, како што сведочат дел од нив за „Фокус“, им рекол дека „е во голем хаос“.

–Говореше дека му искочиле некакви проблеми, дека бил во голем хаос, дека дал големи пари, дека полудел. Не кажа точно за што се работи, но се надеваше дека проблемите ќе се средат – ни изјави лице што било во контакт со Костадиновски пред да исчезне.

Тој е внук на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, односно неговиот татко и сопругата на Бошкоски – Виолета, се брат и сестра. Како што сведочат нашите соговорници, никој од семејството нема претстава и идеја каде би можел да биде и што би можело да се случи.

Неговото исчезнување во полиција го пријавил неговиот брат на 4-ти март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…

Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…

ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…

Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…

Незавидната положба во која се оставени припадниците…

(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…

Оти вие не знаете, на сета мака…

(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…

Не сме глупави, нема да молчиме, не…