Унгарија испраќа полициски единици во Македонија и Србија: Ќе откриваат илегални гранични премини и криумчарење мигранти

t

Со цел да се спречи влез на илегални мигранти на територијата на Европската Унија, унгарската полиција испраќа нови полициски единици во Македонија и Србија, со по 30 полицајци во двете земји. Од унгарската полиција велат дека со ова ги поддржуваат активностите поврзани со чување на границите на земјите од Западен Балкан.

На веб-страницата на унгарската полиција е наведено дека главна задача на полицијата е патролирање со цел спречување и откривање илегални мигранти, илегални гранични премини и криумчарење на луѓе.

„Нашите колеги нема да служат само во непосредна близина на границата, туку и во подалечни области. Екипите ќе возат во теренски службени возила, а ќе користат и рачни уреди за ноќно набљудување, како и рачни и мобилни термални камери“, се наведува.

Унгарските полицајци ги извршуваат своите должности под контрола и надзор на органите за спроведување на законот на земјата домаќин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се…

Унгарија во денешниот несигурен свет има потреба…

Автобус од Полска излета од пат во…

Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се…

(Фото) Цариници спречија шверц на злато вредно…

Цариниците на граничниот премин Хоргош спречиле обид…

Судијата што се спротивстави на Орбан е…

Важи за еден од најценетите унгарски правници,…

Бака ја прифати номинацијата за претседател на…

Андраш Бака (73) ја прифати номинацијата на…