Објавено на:

Си Џипинг по третпат избран за претседател на НР Кина

t

Си Џинпинг денеска беше едногласно избран за претседател на Народна Република Кина и за претседател на Централниот воен совет на Кина на тековниот 14. Национален народен конгрес, пренесува Ксинхуа.

Тоа е негов трет петгодишен мандат и тој е единствениот претседател на Кина кој е избран по третпат, додава кинеската агенција.

Си Џинпинг се заколна дека ќе го почитува Уставот на Кина.

На изборите немаше друг кандидат, а гласањето на кое учествуваа 3.000 делегати траеше еден час, додека резултатите се пребројуваа електронски за 15 минути, пренесува Ројтерс.

На истата седница беше избран и новиот претседател на кинескиот парламент Жао Лежи, како и заменик-претседателот на Парламентот Хан Женг.

Се очекува во следните два дена да бидат именувани или избрани членови на кинеската влада, како и новиот кинески премиер Ли Кечијанг, пренесува Танјуг.

Во октомври минатата година, на 20-от Конгрес на Комунистичката партија на Кина, Си Џинпинг по трет пат беше избран за генерален секретар на Комунистичката партија на Кина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…

Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…

Новата портпаролка на Трамп: Кина нема ни…

Портпаролката на Белата куќа, Кејти Захарија, која…

Кина прекина со извоз на горива поради…

Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…

САД и Кина се договорија да ги…

САД и Кина се договорија да ги…

Кинески хакер нападна над 100 компании користејќи…

Агенти со вештачка интелигенција (ВИ) од компании…