Објавено на:

Нов инцидент во Косово: Полицијата пукала во возило на локален Србин, велат одбил да застане

t

Косовската полиција вечерва извести дека во селото Бање се случил инцидент кога возач на автомобил марка “Ауди” одбил да ги послуша наредбите на полицајците, не застанал и како што велат ги загрозил животите на полицајците, од кои едниот бил „принуден да пука”.

Косовската полиција вечерва соопшти дека околу 19 часот и 20 минути додека нивните полицајци биле на пункт во селото Бање на, како што велат, див пат, таму пристигнало возило „ауди“.

Полицајците на контролниот пункт му дале знак на возачот да застане на рутинска контрола.

„Но, возачот штом ги забележал полицајците кои му дале знак да застане, ја зголемил брзината за да избега, директно загрозувајќи ги животите на полицајците“, велат од косовската полиција.

Тие наведуваат и дека еден од полицајците бил „принуден“ да употреби огнено оружје, за да „избегне директна опасност по животот на другите полицајци“.

Од полицијата прецизираат дека ова возило брзо се оддалечило од местото на настанот, нагласуваат, преку диви патишта, како и дека се преземаат оперативно-истражни дејствија за откривање и апсење на осомничените.

Полициските службеници потоа запреле уште две возила кои пристигнале на таа локација, за кои, како што тврдат, постои сомнеж дека се поврзани со претходното возило.

Во нив имало пет лица кои биле испратени во полициска станица на распит и понатамошно постапување.

Од полицијата велат дека се залагаат за спроведување на законските должности и овластувања во спречувањето на кривични дела, „преземање ригорозни мерки против секое лице поединечно или криминална група која го нарушува редот, безбедноста или ги загрозува животите на полициските службеници кои деноноќно работат на гаранција за безбедноста на нашите граѓани на целата територија на Република Косово“.

Српските медиуми реагираат дека ова е уште еден во низата случаи каде косовската полиција малтретира српско население.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жител на шарпланинско село во Косово е…

Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…

Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…

Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…

Косовски државјанин е лишен од слобода откако…

Поранешен полицаец во Косово осуден на 10…

Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен…

Марта Кос за министерката што рече „етнички…

Марта Кос за министерката Снежана Пауновиќ изјави…