Веќе разговараме со која НАТО-членка ќе соработуваме за справување со хибридните закани
НАТО веќе ја скенира состојбата со капацитетите на домашните институции кои се вклучени во борбата против хибридните закани, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговарајќи на новинарско прашање по денешната посета на армискиот полигон „Криволак“ со амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер.

„Пред неколку дена имавме средба со претставник на НАТО Алијансата кој дојде тука за да ја скенира ситуацијата и состојбата со капацитетите на институциите кои се вклучени во оваа борба и како што и во мојата прва изјава наменета за оваа вежба кажав дека сојузниците се тука да си даваат поддршка и да си помагаат меѓу себе, веќе се разговара и со која од земјите членки на Алијансата ќе развиеме подетална билатерална соработка токму за адресирање на ова прашање, изјави Петровска.
Петровска посочи дека институциите, вклучително и Министерството за одбрана, ги преземаат сите активности за решавање на проблемот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…