Земјоделците ќе бараат платено боледување од државата
Програмата за обезбедување на 81.000 денари како деветмесечен надоместок за породилно отсуство на жените земјоделки во иднина државата планира да стане и системско решение преку измена на Законот за работни односи и задолжително здравствено осигурување. Ова беше посочено на денешната трибина со земјоделците во Општина Кривогаштани.
„Да не ги дискриминираме жените земјоделки, а од друга страна една ваква мерка е одлична мерка за зголемување на наталитетот во државата“, истакна Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.
Вчера се објавиле и двата јавни повици за грантови од по 10.000 евра за сите регистрирани мали оператори со храна, меѓу кои најголем број се жени.
„Целта е во следните 4 години со програмите на Министерството да се поддржат со грантови и облици на кофинансирање и да се создадат и креираат 2.000 нови мали семејни бизниси. Да создадеме услови и за жените и за младите да останат тука“, додаде Љупчо Николовски, министер за земјоделство.
Од овие мерки се задоволни и од Федерацијата на фармери.
„Ќе се влијае позитивно за зголемување на бројот на регистрирани земјоделки и земјоделци и исто така ќе се влијае позитивно на зголемување на бројот на млади фармери жени“, изјави Васка Мојсовска, претседателката на Националната федерација на фармери.
Во иднина регистрираните земјоделци ќе бараат и платен надоместок при отсуство од работа поради болест според законот за пензиско и инвалидско осигурување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Погрешно ме разбраа кога реков дека…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговите…
САД директно ќе пренесуваат стрелање на војник…
Пентагон најави телевизиски пренос „во живо“ од…
Со алабнско знаме во раце ги запирал…
СВР Скопје презеде мерки против возач кој…
Родителите на починатите од Пулс: Во овој…
Логичното прашање е: ако вештакот на одбраната…
САД издадоа безбедносно предупредување за целиот Блиски…
Американскиот Стејт департмент, според најновите информации, издал…