Ковачевски: Никогаш повеќе антисемитизам, расизам, ксенофобија! Никогаш повеќе фашизам!
Никогаш повеќе антисемитизам, расизам, ксенофобија! Никогаш повеќе фашизам! – вели во денешната објава на Фејсбук.

Светот има потреба од гласноста на секој од нас, како народи, како држави, како луѓе – што поддржуваме, а што не поддржуваме. Што е правилно, а што погрешно.
Холокаустот не почнал со концентрационите логори, туку почнал со антисемитизам и со ширење говор на омраза по улиците. Затоа мора да покажеме дека сме извлекле поуки од минатото.
Индиферентноста кон екстремизмот е соучесништво и е неприфатлива. Овие вистини посебно, не смеат да подлежат на ревизионизам, тоа е рецепт за повторување на ужасните трагедии како Холокаустот.
Македонија била и е секогаш на вистинската страна на историјата. Сите ние кои во нашата срж го имаме антифашизмот, демократијата, прифаќањето на различностите мора да останеме обединети и повторно на правата страна. За злото никогаш повеќе да не се повтори.- напиша Ковачевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…