Објавено на:

Трамп: Бајден е виновен за пропастот на банките, следува “Голема депресија” поопасна од 1929 година

t

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, коментирајќи го неодамнешниот колапс на американската банка СВБ, ја обвини економската политика на претседателот Џозеф Бајден за таквата состојба, додавајќи дека на повидок се нови финансиски колапси.

„Со она што се случува во нашата економија и предлозите од најголемото и најглупавото зголемување на даноците во историјата на САД, пет пати, Џо Бајден ќе остане запаметен како современиот Херберт Хувер (Хувер беше американски претседател за време на „Големата депресија“). изјави Трамп на својата социјална мрежа Social Truth, пренесе „Њузвик“.

Според него, ќе имаме „голема депресија“, поопасна од онаа во 1929 година.

„Големата депресија“ е глобален економски колапс што започна во 1928 година во САД и траеше до 1939 година, пренесува Танјуг.

Тоа беше најдолгиот и најостриот пад што некогаш го доживеал индустријализираниот Запад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…

Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…

Католичката црква е позната по строгите правила…