Поранешен руски дипломат: Еве што ќе му се случи на Путин ако ја изгуби војната
Рускиот претседател Владимир Путин би можел да биде сменет од власт доколку Русија биде поразена во војната против Украина, тврди Борис Бондарев, поранешен руски дипломат.
Кога ја започна инвазијата, Кремљ веруваше дека ќе го освои украинскиот главен град Киев за само неколку дена. Но, повеќе од една година подоцна, крајот на војната не е на повидок.
Бондарев за Newsweek коментира како Путин би можел да реагира ако Русија ја загуби војната.
„Путин може да биде заменет, тој не е суперхерој и нема никакви супермоќи. Тој е обичен диктатор“, рече Бондарев, кој ја напушти работата како специјалист за контрола на оружјето во руската дипломатска мисија во Женева во мај 2022 година и е единствениот руски дипломат кој јавно поднесе оставка поради војната.
„Ако погледнеме низ историјата, ќе видиме дека такви диктатори се соборувани од време на време. Ако ја изгубат војната и не можат да ги задоволат потребите на оние кои ја поддржуваат, тогаш обично заминуваат“, додаде тој.
Бондарев смета дека ако Русите сфатат дека војната е изгубена, а Путин нема што да им понуди во замена, ќе има „разочарување и несогласување“.
„Можеби мислат дека Путин повеќе не им треба“, додаде Бондарев, истакнувајќи дека Путин може да се обиде да претстави какви било мали придобивки како да победил во Украина.
Тој наведува дека ако Путин освои некое друго село, може да каже дека ги победил Украинците и ја заштитил својата нација и да ги обвини Украина и Западот што не се подготвени да преговараат.
„Доколку му се дозволи на Путин да го направи тоа, може да каже дека победил и ќе се обиде да го продаде тоа на својата публика како победа“, наведува тој.
Сепак, Бондарев не е сигурен дали Путин ќе успее да го убеди своето население бидејќи „повеќето луѓе не сакаат војна, тие сакаат мир“.
„Ќе биде прилично тешко Путин да ја убеди сопствената елита дека оваа победа е вредна за сите загуби и се што изгубиле… Не ми се чини дека би биле многу среќни поради ова, да кажат – Добро, добивме неколку украински села и тоа треба да ги надомести сите загуби“, рече тој.
„Путин не би требало да има што да продава како своја победа. Тој треба да биде понижен“, заклучи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…