Дарко Костовски злоупотребува вработени во општина Бутел за лични и партиски интереси
Дарко Костовски денеска за лични и партиски интереси злоупотребуваше лица вработени ов Општина Бутел и стари изнемоштени лица.
На прес-конференцијата на која денеска градоначалникот донесе мала група партиски членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ имаше и присутни кои се вработени во Општина Бутел. По завршувањето на прес-конференцијата групата вербално ја нападна нашата екипа, а еден од присутните призна дека е вработен во општината, а присуствува на партиска прес-конфренција за време на работното време.
На прес-конференцијата имаше и стари лица кои Костовски ги искористи за да предизвика екоции кај јавноста, а со тоа да ја избегне неговата одговорност дека и тој самиот и неговата партија, иако тој негира ја поддржаа програмата “За Модерно Скопје” во која јасно е нагласено дека еден од клучните проекти за Бутел е токму изградба на улицата “Боца Иванова”. Костовски воедно ги штити граѓаните кои узурпирале државно земјиште проширувајќи ги нивните дворови, а некои од нив имаат изградено и објекти на земјиштето кое е во државна сопственост.
Се поставува прашањето дали Дарко Костовски ја злоупотребил својата функција како градоначалник на Бутел и ги злоупотребил и самите вработени во општината за свои лични, но и за партиски интереси повикувајќи ги на прес-конференција во работно време.
Вработените во општината имаат право да пријават доколку Костовски ги натерал да дојдат на прес-конференцијата, а доколку самите отишле таму треба одговорат како во работно време одат на партиски прес-конференции, наместо да работат во инерес на жителите на Бутел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште една бронзена биста украдена од гробиштата…
Жител на Волково вчера пријавил дека од…
Болест: Украдена биста на почината жена од…
Скопјанец пријавил дека била одземена биста со…
БОЛНА РАБОТА! Нови кражби на гробиштата во…
Вчера во СВР Скопје, шеесет и седумгодишниот…
Тешка кражба од казино во Бутел, едно…
Во предистражна постапка, по наредби на Основното…
(Видео) Санкциониран е возачот кој со возило…
Санкциониран е возачот кој со возило се…