Бектеши: Не само платите, ќе растат и пензиите за 8,4%
По Одлуката за зголемување на минималната плата на 20.175 денари или 12%, согласно одлуката на Владата од март 2022 година со новата методологија за усогласување на пензиите, пензиите и во март ќе се зголемат за 8,4, информира министерот за економија, Крешник Бектеши.
Според него, Законот за изменување и дополнување на законот за пензиско и инвалидско осигурување предвидува нов начин на усогласување на пензиите, при што при пресметката на пензиското усогласување се земаат предвид зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата.
-Ова метода дава можност и за реално зголемување на пензиите во однос на платите, па со зголемувањето на просечната плата пензиите ќе продолжат да растат.
Усогласувањето на пензиите во март според методологијата ќе се зголеми за 8,4% (покачување на платите 6,1% и зголемување на трошоците за живот 10,6%), со што просечната пензија ќе се зголеми од 17.666 на 19.150 денари, нагласува Бектеши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Исплатата на пензиите продолжува редовно, пензионерите да…
Министерството за социјална политика, демографија и млади…
ССМ: Бараме раст на платите веднаш!
На годишно ниво инфлацијата изнесува 4,5 проценти,…
„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме…
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од…
Над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата…
„Над 11.000 фирми не исплатиле плати, причините…
Синдикатот на полицијата бара покачување на платите…
Синдикатот на полиција во Македонија упати барање…