Апасиев на Светскиот самит на Комунистичката партија на Кина

t

Денес, 15 март 2023 година, претседателот на Левица и пратеник во Собранието на Република Македонија – проф. д-р Димитар Апасиев, учествуваше на Светскиот самит на Комунистичка партија на Кина, кој се одржа под мотото: „КПК ВО ДИЈАЛОГ СО СВЕТСКИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ“.

Настанот се одржа преку дигитална конекција на над 600 политички партии и нивните лидери, во повеќе од 160 држави во светот, објавија од Левица на Фејсбук.

На отворањето на настанот, од седиштето на КПК во Пекинг (Кина), свечено се обрати Генералниот секретар на Централниот комитет на КПК и претседател на Народна Република Кина – Си Џинпинг, а по неговиот воведен говор следеа и говори на повеќе лидери на партии, држави и влади од целиот свет: Николас Мадуро (Венецуела), Даниел Ортега (Никарагва), Кирил Рамафоза (Јужно-африканска Република), Александар Вучиќ (Србија) и многу други регионални лидери.

На светскиот состанок, кој се одржа на највисоко ниво, се отворија мошне важни теми за: потребата од надминување на постоечкиот западнистички неолиберален поредок; справувањето со новите геополитички предизвици; мирољубивата коегзистенција и интернационалната соработка меѓу народите; иницијативата „Појас и Пат“; модернизацијата на земјите преку одржлив раст и развој и почитување на нивниот национален суверенитет; вложувањата во инфраструктурата; справување со сиромаштијата и еколошките предизвици; опоравувањето од Ковид кризата и неизбежното раѓање на еден нов и поправеден мултиполарен свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Ни пристигнаа возовите од Кина!

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека возовите…

Сопругата на Апасиев: Ако те плукаат СДС,…

Ако те плукаат СДС, ДПМНЕ, Алијанса и…

Левица оддаде почит на загинатите во Вејце…

„Денес во село Вејце, тетовско, положи свежо…

Маск во ненајавена посета на Кина

Сопственикот на „Тесла“, „SpaceX“ и на социјалната…