(Видео) Зошто Звонко Костовски наместо во затвор се шета слободен иако сторил кривично дело против државата?

t

Човекот кој незаконски прислушкувал, снимал разговори, потоа ги нудел на отворен пазар наместо да биде во затвор се шета слободен, иако како сведок призна дека сторил кривично дело, вели уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во “Тешки муабети”.

– Звонко Костовски е човекот кој ги има експортирано сите фајлови од прислушкувањето. Наместо да е обвинет тој во ситуацијава е сведок.

Костовски е човекот кој ги има сите логови затоа што е администратор, Звонко Костовски ги собира сите фајлови и потоа ги нуди на отворен пазар сите фајлови, знам дека ги прислушкувал жената, зет му, шурата, он ги прислушкувал сите и кога почнал да прислушкува почнал со фамилијата, па Сашо, па министерката, па сите. Собира многу материјал, го нуди на Верушевски и практично она Кока Кола на Скајп и уште еден никнејм на Скајп се Костовски и Верушевски.

Павле Трајанов кажа дека по нарачка на Верушевски се прислушкувале лица, главен таргет бил Никола Груевски.

Звонко Костовски пред суд и пред порота и обвинител кажува дека тој прислушкувал, тој ги ставал броевите, бидејќи во таа управа има неколку сектори, еден му го даваш бројот, на друг сектор му го кажуваш името, на трет сектор му кажуваш основано сомнение зошто се следи некој. И никој не знае не може да го спои името, кривичното дело и бројот во едно освен Звонко Костовски.

И сега тој кажува дека тој никој не му наредил, сам си ги ставал броевите и ги слушал, па и ги снимал и ги експортирал и ги дал на слободен пазар и тој човек е сведок, а не обвинет. А неговото признание во својство на сведок дека извршил кривично дело се однесува на член од КЗ кој е дело против државата, шпионажа, саботажа, насилно рушење на политичкиот систем во државата, следува казна затвор над десет години.

Меѓу другото тој е човекот во комисија кој одлучува дека опремата треба да се уништи, објасни Митовски.

Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски беа обвинети во предметот „Пуч“, во кој Костовски ја призна вината и се спогоди за помала затворска казна, но СЈО одлучи да се повлече од тој случај, креирајќи нов.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за време на судењето за Тергет-Трдина во неколку наврати посочи дека Костовски веќе еднаш бил осуден за нелегалното прислушување.

Апелација неодамна ја укина пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“ од февруари во 2021 година, а жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја оцени како беспредметна.

Случајот што беше отворен за масовното нелегално прислушување, резултира со вкупна затворска казна од 55 години од кои 12 години за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Согласно првичната пресуда по 15 години добија Горан Грујевски и Никола Бошковски, шест години му беа изречени на Тони Јакимовски, четири на Гордана Јанкуловска и три на Надица Николиќ. Условни затворски казни во траење од две години беа изречени за Маријан Шумуликоски, Владимир Варелов, Васил Исакоски, Валентина Симоноска и Силвана Златова.

„Апелациониот суд Скопје, при разгледување на пресудата, констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка кои се од апсолутен карактер, а на кои овој суд внимава по службена должност, со што се доведе во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик“, објаснија од Апелациониот суд Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

Бугарските доктори потврдија оти македонските “не знаеја”:…

Состојбата на бугарскиот државјанин Драгомир Андонов кој…

Еуромакс Ресоурцес не исклучува можност за арбитража…

По однос на најавата за повлекување на…

МАКЕДОНИЈА ВОДИ ПРОТИВ УКРАИНА СО ДВА СПРЕМА…

Фудбалската репрезентација на Македонија во 30. минута…