Објавено на:

Борел: Каде и да погледнете во Македонија, таму веќе ќе ја видите ЕУ

t

Македонија е добар пример за мултиетничко општество и со промена на Уставот дополнително ќе се унапредат основните права во земјата и не се сомневам дека со тоа ќе го зачувате македонскиот идентитет и истовремено ќе напредувате во процесот на пристапување во ЕУ, како што правевте досега, вели високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел во интервју за МИА.

– Членството во ЕУ не може да биде проект на една политичка партија, туку тоа треба да биде аспирација за целата земја. Во Македонија, граѓаните ја изразија својата аспирација за влез во ЕУ, бидејќи сакаат да припаѓаат на заедница на вредности и да имаат корист од отворените граници, олеснето патување, внатрешниот пазар и стандардите на ЕУ во целина. Накусо, граѓаните сакаат мир, просперитет и подобар живот во ЕУ, за нив и за нивните деца. Затоа одговорност на сите ваши политички лидери е да работат и да ја реализираат оваа цел, вели Борел.

Тој нагласува дека преговорите за членство во ЕУ се процес заснован на заслуги и дека при тоа се оценува постигнатиот напредок во исполнувањето на сите поставени критериуми и спроведувањето на стандардите на ЕУ и реформите.

– И овие реформи ќе и помогнат на Македонија да ја унапреди и подобри состојбата и да ја доближи земјата до Европската Унија и стандардите на ЕУ, пред се во интерес на граѓаните на Македонија. Ние ќе бидеме покрај вас и ќе го придружуваме процесот до самиот крај, додека Македонија не стане полноправна земја-членка на ЕУ. Тоа е она што го сакаме и целта кон која работиме сите заедно, додава високиот претставник на ЕУ.

Борел во интервјуто признава дела земјава предолго чекаше за старт на преговорите од различни причини, но нагласува дека во исто време Македонија нема подобар и попосветен партнер од ЕУ, која е најголемиот донатор, инвеститор и трговски партнер.

– Каде и да погледнете во Македонија, таму веќе ќе ја најдете ЕУ, таа поддржува, помага, придонесува, финансира, советува. Членството во ЕУ значи стабилност, безбедност и просперитет. Инвестициите на ЕУ се одржливи и долгорочни, создавајќи нови работни места и можности. Нема сомнеж дека ЕУ останува партнер од најголема доверба на Македонија, вели Борел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во…

Европската Унија верува дека сите политички сили…

Борел: Во Газа не постои безбедна зона…

Високиот претставник на Европската унија за надворешна…

Борел: Во Газа се оствари најстрашното сценарио…

Според шефицата на Светската програма за храна…

Ковачевски: Нема откажување, СДСМ заедно со граѓаните,…

На вечерашниот митинг одржан во Струмица, претседателот…

Унгарија е подготвена да го преземе претседавањето…

Унгарија е подготвена да го преземе претседавањето…