Се јави ли некој од пратенициве на ВМРО што не гласаа за законот за амнестија на уставобранителите да објасни зошто не гласале?!

t

Продолжува политичката тортура врз уставобранителите, партиотите луѓето кои беа најгласни и кои се спротивставија на 27 април на уништувањето на македонската држава. Собранието вчера не го изгласа Законот за амнестија, односно со 40 глас ЗА и 58 гласа ПРОТИВ и 1 ВОЗДРЖАН денеска Законот за амнестија на осудените за настаните од 27 април не помина во Собранието на Република Македонија.

Иако официјално дадоа поддршка за Законот за амнестија дури осум пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за законот меѓу кои и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои не гласаа за амнестија на уставобранителите се и пратеничките Олга Лозанковска, Иванка Василевска, Силвана Ангелевска, Mирче Аџиоски и Иван Стоилковиќ.

Ваквиот однос на пратениците од опозицијата предизвика бурни реакции од јавноста, а гневот кон нив не стивнува и денеска.

Деан Цокински на Фејсбук прашува:

– Се јави ли некој од пратенициве на ВМРО што не гласаа за законот за амнестија на уставобранителите да објасни зошто не гласале?
Не бил тука, пошол по нужда, му се слошило, првчињата му се укочиле, гледал филм, имал жигоња? – стои во неговиот Фејсбук статус.

Адвокатите кои беа иницијатори на целиот процес, Јанаки Митровски и Драган Пешевски, порачаа дека се разочарани од гласањето но борбата за слобода на уставобранителите ќе продолжи до конечна слобода на осудените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…

Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…

Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…