Милков: Во Македонија владее неказнивост и сите можат да дивеат кон Бугарите
Откако францускиот предлог беше прифатен од РМ, дојде до промена на тензиите меѓу тамошните политички партии и политичката елита. Тие очигледно не можат да ја следат агендата поставена по францускиот предлог и тоа се последиците со кои се соочува земјата. РМ јасно треба да се раздели со некои парадигми кои се одржливи во нејзината политика, а јасно создаваат силни тензии. Ова денес го изјавил техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков.
Тој нагласил дека се повеќе има „ескалирачки тренд на проблеми и напади врз бугарски институции“, како вчерашното крадење на монитор од Бугарскиот КИЦ во Скопје, што според него е „директен напад кон бугарската држава“.
-Во услови на оваа неказнивост, која дивее и владее таму, оваа работа е поттикната во пракса од атмосферата што е создадена и од неподготвеноста на македонската влада и македонските институции да покажат дека вака не може.
Очигледно е дека некако веројатно го искористуваат овој тип на став во општеството за да акумулираат некаков внатрешен поредок. За мене трендот е очигледен. Оваа неказнивост креира склоност кон нови провокации и нови злосторства, изјавил Милков, пренесуваат бугарските медиуми.
Тој ја коментирал и вчерашната одлука на Министерството за правда за забрана на користењето на името „Иван Михајлов“, како што е именуван бугарскиот клуб во Битола.
-Темата зошто и како името Иван Михаилов е неприфатливо за РМ е посебна тема. Впрочем, ова е фигура на ВМРО. Се бореше за слободата на Македонија. Во последно време се обидуваат да не критикуваат на историска тема. Такво беше и прашањето минатата недела со обвинението за депортацијата на Евреите. Зошто сега се поставува ова прашање? Во тоа време немаше РМ, ниту Македонија, во тоа време имаше Кралство на Србите, Хрватите и Словенците и поради некоја причина Македонците воопшто не се во името на кралството, што исто така е прашање што би било интересно за луѓето кои набљудуваат од страна, истакнал Милков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…