Објавено на:

(Видео) Украинците се пофалија: Уништивме десет руски тенкови за една вечер

t

Службата за безбедност на Украина (СБУ) објави видео од уништувањето на дури десет руски тенкови и едно оклопно возило. Операцијата, тврдат, била извршена само за една ноќ.

Заедно со видеото во објавата пишувало дека специјалци од единицата на СБУ „Бели Вукови“ уништиле десет тенкови, пишува Јутарњи лист.

„Нашите специјални сили од Центарот за специјални операции „А“ уништија непријателска опрема во правец на Доњецк. Запален е и еден непријател БТР. Со тој чин во една ноќ се уништени единаесет мети“, се вели во соопштението.

Од друга страна, Олександр Сирски, командант на копнената армија на Украина и командант на Источната група на вооружените сили на Украина, изјави дека Русија го напаѓа речиси целиот источен фронт.

„Сепак, Бахмут сè уште е епицентарот. Борбите за градот продолжуваат. Непријателот ги ангажираше сите свои сили и се обидува да ја пробие одбраната на неколку фронтови и целосно да го опколи градот“, рече Сирски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…