Ковачевски: Никого нема да убедувам за уставните измени, тоа е стратешка одлука што сите треба да ја поддржат
Јас не сум политичар којшто е дојден да убедува или да разубедува некого за нешто, бидејќи сите треба да имаат јасна визија и одговорност во однос на одлуките коишто треба да се носат, истакнува премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА, изразувајќи надеж оти и во опозицијата постои демократски капацитет, постојат луѓе коишто веруваат во европската иднина на државата.
– Постојат одлуки коишто се стратешки за државата, коишто сите политички партии треба да ги поддржат. Тоа низ примери на други држави е многу јасно направено во минатото. Еве да го земеме само примерот на Хрватска, или да го земеме примерот на Словенија коишто исто така носеа стратешки одлуки со широк државен консензус којшто не биле дел од дневната политичка дебата којапшто се водела во тие општества и затоа брзо и квалитетно пристапиле кон Европската унија, вели премиерот.
Тој посочува дека уставните измени се процес којшто е пропишан согласно со Закон и Устав во нашата држава и дека сите треба да учествуваат во носењето на овие одлуки, вклучително и опозицијата.
– Во рамки на Министерството за правда е формирана работна грпа за уставни измени во која што ќе учествуваат експерти по уставно право, меѓутоа во која што ќе бидат повикани и експерти од опозициските партии да земат учество исто како што на првиот ден од отпочнување на преговорите во првата фаза на скринингот беа повикани претставници од опозицијата да учествуваат во сите работни групи, истакна премиерот Ковачевски.
Тој посочува дека не е доволно само декларативно да се поддржува одредена цел, туку треба со чекори, со одлуки, со одлучност да се настапи и да се обезбеди европска иднина за сите наши граѓани.
Како што изјави премиерот Ковачевски, Советот за стабилизација и асоцијација на вчерашниот состанок во Скопје испрати многу јасни пораки за тоа дека нашата држава напредува во процесот на европските интеграции.
– Секако дека секоја држава која што пристапува кон Европската унија на тој пат има обврски коишто треба да ги исполни. Една од обврските која што е пред нас е секако усвојување на уставните амандмани коишто се дел од преговарачката рамка и коишто се само една од одлуките коишто треба да се носат со две третини во Собранието. Пред нас ќе има и други одлуки коишто се носат со две третини во Собранието, а тоа се однесува на реформи во владеење на правото, реформи во владеењето на демократските институции, реформи на јавната администрација, како и Акцискиот план за унапредување на малцинските права коишто и во моментов кај нас е на највисоко можно ниво споредувано со која било друга држава во Европа, рече Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…
Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…