(Видео) Опозицијата си легнала на брашното? Ковачевски посигурен од било кога: Уставните измени ЌЕ СЕ СЛУЧАТ!

t

Борел потврди дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик се заштитени, вели во интервју за Канал 5 премиерот Димитар Ковачевски.

– Уставните измени не можат да се користат за дневна политика, тоа е стратешко прашање од интерес на сите граѓани во државата. После скрининг-фазата ние ќе добиеме точно какви промени треба да се направат во делот на владеење на правото, малцинските права, правобранителството, децентеализацијата. Тие исто така се носат со 2/3 мнозинство во Собранието и потребен е консензус, вели Ковачевски.

Ковачевски вели дека опозицијата нема поддржано ниту една одлука која е сратешка цел на државата, на пример ЕУ и НАТО. Според него тие само декларативно се залагаат за ЕУ.

Ковачевски вели дека опозицијата се крие зад народот и граѓаните, а политичарите треба да покажат лидерство и е убеден дека уставните измени ќе се случат.

– Тоа е нешто што ќе се случи, нашата држава ќе стане земја-членка на ЕУ, дециден е Ковачевски.

За уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот да поминат потревни се 80 пратеници, односно невозможно е истите да се случат без поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Негласањето на осум пратеници за законот за амнестија пред неколку денови повторно го актуелизираше прашањето дали токму пратениците кои не гласаа, ќе ги поддржат уставните измени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…

Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…